Прескокни до содржина
струмица365, Дознај и нарачај, веднаш
Најава
Реклама
Твојот бизнис овде · 640×200
Рекламирај на струмица365
Реклама
Твојот бизнис овде · 640×200
Рекламирај на струмица365

Како да направам нарачка

Нарачуваш за една минута, без отворање сметка. Плаќаш во готово кога ќе ти стигне на врата. Еве како, чекор по чекор.

1. Најди што сакаш

Отвори Нарачај и види ги продавачите од твојот крај. Секој продавач има слика, мени и цени. Кликни на јадењето за да го видиш подетално.

[СЛИКА 1: листа на продавачи]

2. Додај во кошничка

Кај јадењето кликни Додај во кошничка. Може да додадеш повеќе работи од истиот продавач. Кошничката стои горе и ти кажува колку работи имаш внатре.

[СЛИКА 2: копче Додај во кошничка]

3. Провери ја кошничката

Кликни на кошничката. Тука ги гледаш сите производи, може да смениш количина или да тргнеш нешто. Кога си задоволен, кликни Нарачај.

[СЛИКА 3: кошничка со производи]

4. Избери достава или подигање

Достава значи ние ти го носиме на врата. Подигање значи сам одиш по нарачката кај продавачот и не плаќаш достава. Подигање се нуди само кога сè во кошничката е од еден продавач.

[СЛИКА 4: избор достава или подигање]

5. Внеси ги податоците

Треба само име, телефон, општина, населено место и адреса. Општината и селото ги бираш од паѓачко мени. Е-пошта не е задолжителна.

[СЛИКА 5: формулар со податоци]

6. Потврди со код од СМС

Ќе добиеш кратка порака со код. Внеси го кодот и нарачката е пратена. Ова го правиме за да бидеме сигурни дека бројот е вистински и дека курирот нема да оди залудно.

Сите нарачки со плаќање при достава се потврдуваат со код што го добиваш на СМС, освен ако веќе имаш потврдена сметка. Нарачката е обврзувачка. Ако нарачката не се подигне, бројот се блокира за идни нарачки на струмица365, а повторените злоупотреби ги пријавуваме.

[СЛИКА 6: поле за внесување код]

7. Плати во готово

Плаќаш на курирот кога ќе ти ја донесе нарачката. Износот што треба да го платиш ти пишува уште пред да нарачаш, заедно со цената на доставата.

8. Следи ја нарачката

Добиваш СМС во секој важен момент: кога нарачката е примена, кога продавачот ја потврдил и за колку време ќе биде готова, кога курирот ја зел и кога е испорачана. Во пораката го добиваш и името и телефонот на курирот.

Колку чини доставата?

Цената зависи од тоа каде живееш и се пресметува автоматски пред да платиш. Нема скриени трошоци. Кај некои продавачи доставата е бесплатна над одреден износ.

Може ли да откажам?

Да. Веднаш откако продавачот ќе ја потврди нарачката имаш кратко време да ја откажеш преку линкот во пораката. По тоа храната веќе се спрема.

Дали ми треба сметка?

Не. Нарачуваш како гостин, само со телефонски број. Ако сакаш да ги гледаш старите нарачки, може да отвориш профил со истиот број.

Нешто не е во ред?

Јави се или пиши ни на Viber на 034 34 90 90 или на info@strumica365.mk и кажи го бројот на нарачката. Решаваме веднаш.