Услови за користење
Со користење на strumica365.mk ги прифаќаш овие услови. Страницата ја издава МЕД-РЕП ДООЕЛ Струмица.
1. Користење
Читањето и пребарувањето се бесплатни и без регистрација. За објавување огласи и за дел од услугите е потребна верификација со телефонски број.
2. Содржини од корисници
- Секоја пријава ја прегледува администратор пред објавување.
- Забранети се навредливи, лажни, незаконски и политички агитациски содржини.
- Го задржуваме правото да одбиеме или отстраниме содржина без образложение.
- Со праќање фотографии потврдуваш дека имаш право да ги објавиш.
3. Нарачки и достава
- Производите и храната ги продаваат локалните продавачи; тие се одговорни за квалитетот и ја издаваат фискалната сметка за својата стока.
- Доставата ја врши МЕД-РЕП или самиот продавач, што е наведено при нарачка.
- Плаќањето при старт е во готово при достава.
- Нарачка може да се откаже телефонски пред продавачот да почне со подготовка.
Деталните услови за продавачи и купувачи се објавуваат посебно.
4. Одговорност
Се трудиме информациите (возен ред, дежурна аптека, соопштенија) да бидат точни и навремени, но за итни ситуации секогаш провери кај официјалниот извор.
5. Измени
Условите може да ги менуваме; важи верзијата објавена на оваа страница.