Жителите на Ангелци разговараа со градоначалникот за буџетот за 2027
Жителите на Ангелци разговараа со градоначалникот за своите барања за буџетот на Василево за 2027 година.
На средбата, одржана навечер, биле изнесени потребите и предлозите за наредната година. Меѓу барањата на жителите се изместување на дивата депонија, довршување на преостанатите краци од фекалната канализација за да можат сите домаќинства да се приклучат, продолжување на асфалтирањето на улиците и заградување на дворот на основното училиште „Гоце Делчев“. На средбата присуствувале и претставници на јавните претпријатија. Градоначалникот ги повика жителите да достават свои предлози и идеи.
Реклама
Твојот бизнис овде · 300×250
Рекламирај на струмица365
Рекламирај на струмица365
Ако си од Ангелци, твојот предлог сега може да влезе во буџетот за следната година.