Меѓународен шаховски турнир „Цареви Кули 2026“ се игра во Струмица
Струмица е домаќин на меѓународниот шаховски турнир „Цареви Кули 2026“, кој се игра во хотелот „Сириус“ од 22 до 25 октомври.
Организатор е шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица.
Турнирот има две конкуренции: турнир А за играчи со рејтинг до 2200 поени, кој се игра во седум кола по швајцарски систем и се рангира кај ФИДЕ, и турнир Б за најмладите до 12 години.
Во турнирот А наградниот фонд изнесува 112.000 денари, а најмладите добиваат парични награди, пехари и медали.
Се игра со темпо од 60 минути по играч и дополнителни 30 секунди за секој одигран потег.