Струмичката болница изведе Випл-операција, еден од најсложените зафати
Тимот за абдоминална хирургија во струмичката болница изведе една од најсложените операции во оваа гранка.
Според објавата, тимот предводен од д-р Тони Балџиев успешно извршил операција по методот на Випл (панкреатодуоденектомија), зафат што подразбира отстранување делови од дигестивните органи и нивна реконструкција и најчесто се применува кај одредени тумори на панкреасот и соседните органи. Стручна поддршка дал проф. д-р Шенол Тахир. Болницата истовремено ја шири и напредната лапароскопска хирургија, меѓу другото лапароскопски операции на кила и на дебело црево кога тоа е медицински оправдано.
Реклама
Твојот бизнис овде · 300×250
Рекламирај на струмица365
Рекламирај на струмица365
За дел од посложените зафати повеќе не мора да патуваме до поголемите центри.