Уредувачка политика
Оваа уредувачка политика ги утврдува правилата по кои струмица365 избира, проверува и објавува содржини.
1. Неутралност
струмица365 е политички неутрален медиум. Не поддржуваме партии, кандидати ниту политички опции. Соопштенијата на општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево ги објавуваме во изворна форма, без уредувачки коментар, со наведен извор.
2. Точност и извори
- Приоритет имаат официјалните извори: општини, јавни претпријатија, институции.
- Секоја информација ја проверува уредник пред објавување.
- Користиме дигитални алатки за помош при уредување и препишување на соопштенија; одговорноста за секоја објава е на уредникот.
- Фотографии објавуваме само кога правата за користење се познати.
3. Исправки
Ако направиме грешка, ја исправаме веднаш и видливо го означуваме исправеното. Барање за исправка испрати на info@strumica365.mk или на Viber +389 70 347 649.
4. Реклами и спонзорирани содржини
Рекламите се секогаш означени со „Реклама“, а спонзорираните објави со „Спонзорирано“. Огласувачите немаат влијание врз уредувачките одлуки.
5. Содржини од корисници
Настани, некролози, огласи и пријави за изгубено-најдено што ги праќаат корисниците се објавуваат по проверка на идентитетот и одобрение од администратор. На страницата нема јавни коментари.
6. Некролози
Некролозите се бесплатни за погребалните друштва и за семејствата. Се објавуваат со достоинство, без реклами во самиот некролог.